
Во заборавениот „Медицинар“ живеат бездомници
Студентите во овие бараки некогаш тука учеа за испити , идните лекари се подготвуваа да ја положат Хипократовата заклетва, сега се осатанати само рушевини. И покрај најавите за дислоцирање и, студентскиот домот Медицинар се уште постои, со катанец на врата. Нов дом за студентите се уште нема.
Лирија Демировска и нејзиниот сопруг се лица со оштетен слух па тоа дополнително им ги отежнува работите.
Од Центарот за социјална работа на Град Скопје велат дека се запознаени со случајот.
Мапирано е семејството кое живее во бараките на студентскиот дом „Невена Ѓорѓиева – Дуња ( Медицинар)“ по анонимна пријава. Понудено им е е сместување во Прифатниот центар за бездомни лица во Чичино село. Тоа значи дека ќе имаат три оброци на ден, средства за хигена и ќе здравствена заштита. Меѓутоа, ја одбија понудата.
Меѓутоа, семејството на Демировска не сакаат да оди во тој центар и бара друго решение.
Новиот објект за студентите беше најавен уште од претходната власт, кон крајот на 2015 година, а изградбата требаше да започне за три месеци, но работите се уште стојат.
Теодора Цветковска