Хаосот со ДУП-овите продолжува, бизниси се соочуваат со клуч – „Хубо“ последен во серијата

Градежниот и урбанистички хаос во Скопје кој веќе сериозно влијае врз квалитетот на живеење на граѓаните се заканува и врз нивната егзистенција. Фирми се соочуваат со сериозни проблеми во секојдневното функционериње поради проблеми кои настанале со измени во деталните урабнистички планови и дозволите на градби. Објекти никнуваат речиси на секој чекор без разлика дали постои инфраструктура, соодветно сообраќајно или комунално решение.

Последен од низата примери е делот кај Зајчев рид каде со измените на ДУП-от претходната гарнитура во Општина карпош предвидела изградба на неколку деловни објекти. Токму поради тоа маркетот „Хубо“ се соочува со проблем во работењето и дотур на стока и ќе бидат приморани да го затворат маркетот а со тоа покрај вработените ќе загубат и потрошувачите но и стотина добавувачи со кои соработуваат.

Оттаму велат дека тие изминативе пет година се обратиле до сите надлежни институции и локалната самоуправа за да се избегне проблемот навремено, доставиле вештачења на сообраќајни инженери но одговор или решение не добиле.

Од општина Карпош велат дека се запознаени со проблемот, одржале средби со сопствениците на парцелите во тој потег и најавуваат дека додека не се најде взаемно прифатливо решение кое потоа би се преточило во измена на ДУП-от ќе се оди со привремени алтернативни пристапи кон парцелите и маркетот.

Општината веќе имаше заеднички средби со сите засегнати страни (сопственици на градежни парцели) во делот кај „ХУБО“ и околу, а со цел да се изнајде взаемно прифатливо решение, кое би се преточило во конечно решение преку измена и дополна на ДУП-от за конкретниот блок. Во моментов, се работи на изнаоѓање на времени сообраќајни решенија (пристапи), за да можат сите засегнати страни нормално да функционираат, на сопствените градежни парцели или објекти, се додека не се дојде до горенаведеното, трајно решение, велат од општина Карпош

Постоечкиот ДУП, изгласан пред пет години покрај градежните парцели предвидува и и зградба и на сервисна улица која ќе биде веднаш до кејот на реката Вардар.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ