СДСМ го смени речиси целото раководство, оставки на 6-те потпретседатели а разрешен е и генералниот секретар Кирацовски

Централниот одбор на СДСМ ги разреши денеска сите 6 потпретседатели на партијата, заедно со генералниот секретар, Александар Кирацовски, кој е заменет од Љупчо Николовски, актуелниот министер за земјоделство.

Досегашни потпретседатели на партијата беа Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Сите тие поднеле оставки на своите функции.

За министерски смени вечерва не се разговарало и најавената реконструкција на владата ќе биде тема на нов состанок, откако претходно ќе се расправа на Извршниот одбор на СДСМ, пред се затоа што во игра е и замена на ресори меѓу коалициските партнери во владата.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ