Дискриминација на лицата со попреченост – со завршен правен факултет му нуделе работа како хигиеничар

Голем дел од децата со инвалидитет немаат можност до крај да се школуваат, тие пак кои успеваат да завршат високо образование не можат да се вработат.

Дритон Фетаи од село Пршовце, лице со посебни потреби, има завршено правен факултет.

Со години се пријавувал во Центарот за вработување, бил повикан од една фирма за работно место според неговото образование.

Но кога дошол на интервју и кога сопствениците увиделе дека станува збор за лице со посебни потреби, му понудили работно место хигиеничар. Дритон револтиран не сакаше јавно да зборува пред камера. За дискриминацијата на општеството кон него ни раскажа неговиот татко.

Кога станува збор за вработување на лицата со посебни потреби подобра не е состојбата и во институции. На пример во Општина Тетово од над 500 вработени само 5 лица се со инвалидитет.

Мамут Изаири е еден од нив. Но тој како и останатите се соочуваа со безброј инфраструктурни препреки во самата општина а голем проблем што се уште не може да добие решение на неопределено време.

Но проблемите на лицата со посебни потреби започнуваат од нивната најмала возраст во образовниот процес.

Основните училишта подолг период се соочуваат со недостиг на дефектолози, психолози и педагози.

На поголема пречка оваа категорија ученици наидуваат кога треба да продолжат со средното образование. Во Македонија постојат само две специјални училишта на Македонски а на Албански јазик ниту едно

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ