
Пуштена струјата во студентскиот дом „Томе – Стефановски Сениќ“
Денеска студентите во студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ нема да бараат свеќи за да учат. По реакциите за темницата која вчера ја затекнавме, надлежните одлучија да ја пуштат струјата.
“Струјата e исклучена поради неплатен долг. Договороена е динамиката на плаќање и бидејќи беше работен ден и имаше екипи на терен, струјата е вклучена” – соопшти ЕВН Македонија.
Директорот на овој дом , вели дека денеска активностите во домот се одвиваат нормално.
“Вчера е пуштена струјата во 19 часот, а беше прекината на 22.05.2019 во 14 часот. Од вчера функционираме нормално” – соопшти директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“, Љуљзим Џемаили.
200 млади луѓе сместени во овој дом , неколку дена живееа во темница. Немаа топла вода за бањање, јадеа конзервирана храна и палеа свеќи за да не живееат во целосен мрак. Реакција имаше и од опозициската ВМРО – ДПМНЕ кои велат дека студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат.
Теодора Цветковска