
СДСМ на Централен одбор за кадровските смени во партијата и Владата
На седница на Централниот одбор попладнево владејачкиот СДСМ ќе расправа за кадровските смени во партијата и во Владата, кои почнаа со смена на 78 претседатели на општинските организации. Неофицијално не се исклучува можноста и за смени во повисоките партиски структури – но официјална потврда до каде ќе оди внатрепартиската метла на Заев – нема.
За промените во Владата, пак, се очекува смена на најмалку петмина министри: дел од СДСМ, дел од помалите коалициски партнери, како и од ДУИ, но и смена на директори на јавни претптијатија и државни агенции.
За Владината реконструкција, премиерот Заев имаше средбва со лидерот на ДУИ Али Ахмети, по што беше соопштено дека се договориле да почне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“, и двајцата да ги продолжат консултациите внатре во партиите, а потоа да одржат нова средба околу конечните решенија.