Отворен стационар за кучиња скитници во Тетово

Конечно за прв пат кучињата скитници во Тетово започнаа да се третираат.

Веќе неколку дена бездомните животни се заловуваат со специјално возило и се згрижуваат во овој нов стационар во близина на железничката станица.

Додека престојуваат таму, животните ќе бидат третирани и под постојан надзор на ветеринарен тим. Потоа ќе бидат чипирани и вратени од местото каде што се заловиле.

Од Општина Тетово велат дека нивната проценка е да заловат и згрижат околу 240 кучиња на годишно ниво.

“Фирмата која беше избрана на тендер  направи стационарот од 20 кафези за третман на кучиња скитници,  За целата оваа работа, се издвоени  средства во вредност од 500 илјади денари, што не се доволни , а за да продолжи  успешната имплементација на програмата се надеваме дека за идната година ќе бидат обезбедени  повисоки средства” – соопштија од општината.

Последниве неколку години проблемот со кучињата скитници во Тетово стана алармантен.

Овие бездомни животни неухранети во неколку наврати и затруени станаа агресивни по што Центарот за јавно здравје зачестено регистрира напади од кучиња скитници кои се болни и од Шуга но и Лајшманиоза.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ