ФЗОМ: Цените во приватните клиники за срцеви операции се исти, се промени само фактурата

Фондот за здравствено осигурување нема да потроши ниту денар повеќе од предвидените 15 милиони евра за кардиоваскуларни операции за деца во приватните клиники Аџибадем Систина и Жан Митрев, е објаснувањето по обвинувања од политичката партија Алијансата за Албанците дека фондот во четири очи ги зголемил цените на операциите за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на „кумулативната инфлација”.

„Сето ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници ‘Аџибадем’ (6,5 милиони) и ‘Жан Митрев’ (9,1 милиони евра) за 2018 година“ – велат од Алијансата.

Директорот на фондот Ден Дончев тврди дека зголемувањето е направено минатиот ноември на две различни операции за 10 и 25 проценти.

Но, за полесно фактурирани се пресметуваат како 35 проценти.

Алијансата за албанците го повика и јавното обвинителство да го истражи трошењето на државните пари. Оттаму забелешка имаат и за начинот на избор на болници каде што ќе се трошаат овие пари, бидејќи клиниките Жан Митрев и Систина се одбрани без тендерска постапка, а во нив ќе завршат милионски суми.

Дончев на партиските обвинувања одговара дека државата наместо во Турција и западноевропските земји троши помалку пари и тоа во државата.

Фондот за минатата година измени околу 645 цени на услуги за јавното и приватното здравство, а корекциите ги објасни со инфлацијата според Народна банка на Р. Македонија, која изнесува 15%.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ