
Саити: Самоевалуација на судиите наместо ветинг
Самоевалуација на судиите наместо ветинг е ставот на првиот човек на здружението на судии Џемали Саити, откако во јавноста повторно се врати идејата за детални проверки на судиите.
Ако оваа самоевалуација како поблага форма е неуспешна, Саити не се противи на ветинг и се нуди прв да биде проверен
Телото за судска етика составено од 7 судии кое фунционира една година нема добиено ниту една пријава од судија против колега за неетичко однесување во работата.
Со оглед на тоа што само судии можат да поднесуваат претставки против колеги за неетичко постпување се размислува да се прошири бројот на граѓани кои ке можат да иницираат постапка.
Телото за судска етика не може да казнува судии туку треба да делува превентивно, како чекор пред дисциплинска одговорност која се води во судскиот совет.
Таму пак на денешната седница формирани биле 4 комисии за судии за кои има постапки за одговорност меѓу кои и за управниот судија кого обвинителството го гони за злоупотреба на службената положба.
Во присуство на судии и претставници на невладин сектор, Здружението на судии денеска промовираше анализа за стандардите на судска етика во која се прави споредба со искуствата на други европски држави.
Елена Ивановска Мукоска