Собранието ги удри темелите на новата тајна служба

Собранието ги удри темелите на новата тајна служба, го изгласа Законот за Агенцијата за национална безбедност. И покрај тоа што дел од пратениците токму на владеачкото мнозинство во дискусијата имаа забелешки за тоа каков лик ќе добие новата Агенција за национална безбедност сепак сите гласаа „За“.

Спротивно на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, министерот Оливер Спасовски остана на тоа дека законот е добар и со него се прави битна реформа во тајните служби. Со тоа што сите работеле на реформите смета дека се надминати партиските и личните интереси.

Инаку двајцата потпретседатели на СДСМ, Мухамед Зекири и Фросина Ременски се обидоа со 36 амандмани да расчистат со криминалното минато на дел од вработените во УБК, но ова не помина кај Комисијата за одбрана и безбедност. Поминаа аманманите на Спасовски. Сега  ќе се формира комисија во која ќе членуваат и двајца пратеници и нејзина задача ќе биде да ја прави селекцијата. Интересно беше што тие двајца пратеници ќе треба да ги предложи Трајко Вељаноски како претседател на надзорната собраниска комисија, а Вељаноски веќе е осомничен заедно со поранешниот директор на УБК за организација на крвавиот четврток.

Законот го поддржаа и опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и од независната пратеничка група. Со реформите премиерот добива големи овластувања во разузнавачката сфераа а на негов предлог ќе биде поставен и директорот на Агенцијата. Ќе се проверува и безбедносниот ризик на вработените, но оние кај кој ќе се утври таков ризик сепак ќе имаат право на жалба.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ