Димитриев смета дека реформата можела да се изврши на поквалитетен начин, ставот на Ременски е пак дека законот треба да се допрецизира

Реформата во безбедносниот сектор можеше да се изврши на поквалитетен начин, рече пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев. Тој информираше дека има договор со СДСМ за сите закони од областа на безбедноста кои се на дневен ред на денешната собраниска седница.

Сепак пратеничката на СДСМ Фросина Ременски од собранисата говорница повторно истакна дека треба да се допрецизира законот и не се добри законските решенија од областа на безбедноста. Таа и вчера на комисиската расправа се спротивстави на Законот за новата тајна служба –  агенцијата за национална безбедност но, Спасовски ги одби амандманите.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ