
Антикорупциска ќе испитува како се трошеле буџетски пари во државни институции
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва.
По допрен глас од медиуми отворена е постапка и за вработување блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели.
Антикорупциската комисија ќе го испитува начинот на кој биле доделувани и избрани канцелариите кои ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.