Павле Богоевски ја закажа Комисијата за мандатот на „неоправдано отсутниот“ Груевски

Од собраниски извори, Телма дознава дека за во четврток е закажана мандатно имунитетната комисија на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски.

Седницата ја закажува комисискиот претседател Павле Богоевски, кој беше актуелен поради објавената снимка за која се тврди дека тој нарачува пола грам кокаин иако тој тврди дека нарачал половина доза масло од канабис за блиско лице.

Скандалот предизвика сериозни обвинувања за Богоевски и барања за негова оставка. Иако се очекуваше во понеделник, седницата поради реформските закони за тајните служби и учеството на Богоевски на нив е закажана за во четврток.

Никоал Груевски, кој е осуден на 2 години затвор за случајот на СЈО Тенк е во бегство од 9-ти ноември лани, иако во Унгарија доби статус на азилант.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ