
Оптимизам за договор за СЈО
Можен е договор за СЈО пред објавување на извештајот на Европската комисија. Деновиве ќе се интензивираат преговорите на работните група, се очекува и лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека многу работи во државава се решавале во последен момент, така што, можно е се да се случи. Она што дава надеж, вели Дескоска е што кај ВМРО-ДПМНЕ веќе созреала свеста дека скриена амнестија не може да помине.
Дескоска на својот фејсбук профил ги повика политичарите да се охрабрат и заедно да го изгласаат законот за Јавното обвинителство кој е насушна потреба на граѓаните. Му се заблагодари на непознат дарител за поклонот златна метла во Министерството за правда која може да послужи за метење на криминалот и корупцијата.
За подршка за законот се разговара со сите парламентарни партии. Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретнала со амбасадорите на Германија, Британија и Холандија на која се разговарало за реформските процеси во државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека договор за СЈО може да има само доколку се приближат ставовите за отворените прашања.
Јулијана Пешевска