
Грција заеднички именител на спорови без решение
Грција секогаш настапува супериорно и арогантно во преговорите користејќи ја својата геостратешка поволност. Таа е вклучена во двата од вкупно три најтешки спорови во Европа, кипарскиот и македонскиот. Иако се сосема различни и во едниот учествува сила како Турција, има многу сличности во настапот на официјална Атина. Детали од преговорите се откриваа и во преговорите за Кипар летово во Кран Монтана, што беа најблиску до сега до договор, но пропаднаа.
И Грција и Турција ги објавуваа своите позиции за да постават црвени линии и главно за домашна употреба, што негативно се одрази на преговорите. Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, кој беше вклучен и во преговорите за Кипар, додека се интензивираат преговорите со Македонија, почна често јавно да објавува детали, па дури и се конфронтира со медијаторот Метју Нимиц. Треба да знаеме со кого имаме работа, вели политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил.
Македонските власти избраа да не одговараат на овие изјави кои може да се протолкуваат и како провокации, но и дека може да наштетат на преговарачкиот процес, кој секогаш се води зад затвроени врати.
Кога е во прашање спорот со името треба Исмаил посочува дека да се има предвид силната позиција на Грција благодарение на геостратешката положба, но и новиот фокус врз Македонија откако стана значајна за руските интереси.
Протестите во Солун и Атина кои ја покажаа националистичката хистерија во Грција, сепак не треба да загрижуваат, смета Исмаил и Македонија треба да го гледа само како внатрешно политичко прашање во Грција. Политичките сили кои Ципрас ги порази на изборите сега само гледаат шанса повторно да ја преземат власта.
Сања Васиќ