
Заев: Подготвени сме за име со географска одредница
„Во моментов можам да кажам дека ние сме подготвени за географска одредница. Со цел да му се даде шанса на процесот за решавање на спорот, македонската страна нема да лицитира со имиња во јавноста“, вели Заев.
Владата денес донесе и одлуки за преименување на ародорот и автопатот во знак на добра волја кон Грција.
„Владата на Република Македонија донесе одлука автопатот Е-75 да го именува „Пријателство“, а скопскиот аеродром, да се нарече „Меѓународен аеродром Скопје“, соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со евроамбасадорот Самуел Жбогар во Владата.
Претходно во интервју за Еуроњуз на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име но од другата страна не постои иста таква подготовка, но македонската влада твди дека јавноста е целосно информирана.
„Уште чекаме од Скопје, конечно да излезе, јавно да каже која ќе биде придавката пред именката и да го објаснат тоа на нивниот народ. Ние го подготвуваме јавното мислење и како што гледате имаме и потешкотии. Не гледам дека и другата страна прави иста подготовка и тоа ме загрижува“, кажа Никос Коѕијас – Министер за надворешни работи на Грција
Во однос на одредницата и сложеното име, Коѕијас објаснува дека грчката влада ги преферира придавките што имаат „словенска нијанса во нивната фонетика“. По средбите на Нимиц со македонскиот врв во Скопје, Коѕијас имаше телефонски разговор со медијаторот кому му потенцирал дека „не е надлежен да говори за политиката на Атина“, а преговорите треба да се водат врз база на она што било договорено во Давос.
„Се чини дека некои во Скопје, на пониска функција од премиерот, одново размислија и овие размислувања, господинот Нимиц сметаше дека се важни. И требаше да го потсетам дека она за што се согласија двајцата премиери важи за сите.“
Грчкиот министер за надворешни зборувајќи за опсегот и усвојувањето на промената на името, вели дека треба да бидат на начин на кој ќе го олеснат влезот на земјата во организациите што таа посакува да стане член.
Зборувајќи за ставот на Грција во однос на прашањата за идентитетот и јазикот, Коѕијас рече дека за се се преговара а грчката страна својот став за овие прашања, самата ќе го соопшти во текот на преговорите.
Ивор Мицковски