91 амандман на Законот за Агенцијата за национална безбедност, најголем дел од владеачките пратеници

Со 91 амандмани почнаа да се исправаат пропустите во законот со кој се формира новата УБК, Агенцијата за национална безбедност. Но не се сите од исти подносители. Една група амандмани која поминува мазно е договорена меѓу власта и опозицијата. Втората група амандмани е од незваисната пратеничка група, но најмногу напор и време за расправа одзедоа амандманите на владеачките пратеници кои ги претставуваше Фросина Ременска. Иако се од иста партија, министерот речиси сите амандмани на колешката од СДСМ ги отфрли.

Ременска во своето излагање го апомна и Александар Василевски Нинџа осудениот за крвавиот четврток, кој пред суд тврдеше дека бил ангажиран од УБК. Поради случаите како со Нинџа, Ременска сметаше дека многу подобро треба да се регулира мерката лице со прикриен идентитет какви што може да ангажира директорот на новата УБК, Агенција за национална безбедност.

Од друга страна предлагачот на законот сметаше дека тие прикриени агенти ќе се употребуваат без да може некој да ги злоупотреби. Тој им се заблагодари на сите што помогнале да се направи подобар закон.

Амандманот на Ременски не помина, но поминаа многу други кои ја прецизираа содржината на законите. Сепак најпроблематичните за стручната јавност, големите овластувања на премиерот и употребата на тактички средства за прислушување независно и без учество на ОТА воопшто не беа опфатени со амандманите. Една од новините која денеска помина е тоа што директор на новата УБК не може да биде лице кое е под истрага за судир на интереси или во животот има правосилна судска пресуда.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ