Хан: Наскоро датум за преговори со ЕУ, првите поглавја се отвораат во Декември

Куртоазна прегратка или знак за позитивни сигнали од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред почетокот на форумот посветен на економските перспективи на земјава.

Но неговото официјално обраќање беше со полно со убави зборови.

Освен што ја пофали бизнис климата и ги повика австриските бизнисмени да инвестираат тука, рече дека и претседателските избори ја потврдиле стабилноста.

Земјата има отворена покана за влез во НАТО а Хан очекува Македонија наскоро да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

“Напорно работиме да ги убедиме партнерите од Унијата, кои се уште малку се двоумат, да ни дадат зелено светло за почеток на преговорите, да се подготвуваме за почеток на преговорите наскоро. Сакам да ви кажам дека јас сум многу убеден дека ова ќе се случи пред почетокот на летото и потоа ќе може веднаш да почнеме со подготвителната работа и јас сум убеден дека до крајот на годината ќе може да ги отвориме првите поглавја и според нашата нова методологија , ќе започнеме со поглавјата 23 и 24. Ова звучи малку технички, но всушност станува збор за владеењето на правото, се што е поврзано со тоа. Преговорите ќе ги започнеме со отворањето на овие поглавја и за неколку години ќе ги завршиме нашите преговори со истите поглавја а сето останато ќе биде во тој временски период” – изјави Хан.

И евроамбасадорот Жбогар на ист став со Хан. очекува дека следната недела Европската комисија ќе го објави Извештајот за состојбите, во кој ќе биде препорачано отворање преговори со Македонија.

Жбогар додава дека извештајот на европската комисија ќе биде одраз на нотираниот напредок во добрососедските односи.

“Убеден сум дека извештајот исто така ќе препорача отворање преговори со Северна Македонија. Мислам дека вашата земја минатите месеци и минатата година демонстрираше посветеност на европската иднина, донесе значајни одлуки. Опозицијата и владата заедно работат на неколку закони кои се значајни за транзицијата и реформите и мислам дека имате многу да покажете и се надевам дека вие ќе бидете пример за регионот, за тоа како може да се демонстрира сериозна посветеност за одењето напред” – подвлече евроамбасадорот Жбогар.

И покажавме на европската унија дека заслуживме да добиеме позитивна одлука после сите овие позитивни примери, порача и премиерот Зоран Заев во својот говор.

Сепак поглавјата 23 и 24 остануваат први на кои ќе треба да се работи, а се однесуваат на правосудството антикорупција, затворските системи но и на правда, слобода и на безбедност.

Токму за поглавјето 23 институтот за европска политика и хелсиншкиот комитет го објавија извештајот во сенка за изминативе 10 месеци во кои меѓу другото нотираат дека законот за јавно обвинителство со кој се решава статусот на сјо е изготвен без учество на невладиниот сектор а со пазарење на политичките партии

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ