Цвеќе за украсување има додека јавните зелени површини и парковите полека ги снемува

Различни цвеќиња на многу штандови се декор на Градскиот парк викендов. Одгледувачите на цвеќе дојдоа да покажат што сработиле во своите градини и со каква намера. Цвеќе има секакво. За под сенка и за на сонце, како и растенија кои бараат повеќе вода или не. Секогаш актуелни се и новогодишните дрвја.

Цвеќе за декорација има многу, но ги снемува парковите и јавните зелени површини, се жалат најзасегнатите. Законот за урбаното зеленило е донесен лани, но се уште не се гледаат неговите придобивки сметаат надлежните.

Дрвјата произведуваат кислород и придонесуваат за чистиот воздух пишува во учебниците по биологија. Од друга страна, скопјани секоја година мака мачат со загаден воздух. Градоначалникот Шилегов смета дека има начин како да ја подобри состојбата со отровните ПМ честички.

Градоначалникот и самиот дојде да го разгледа цвеќето кое одгледувачите го изложија во Градскиот парк. Им се обрати на оние кои се прошетаа денес и разгледуваа растенија. На настанот кој ќе трае целиот викенд има и приредби за најмалите и музичка програма.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ