
ENGAGE – Конференција за социјален активизам
Маршевите против климатските промени и оние на жолтите елеци во Франција во кои директно учествуваше и Енди Батентие се потврда за моќта на граѓанскиот активизам денес. Мора да биде пратена порака до секоја актуелна власт за подобро општество, колку и да ви изгледа залудно во дадениот миг, смета Батентие.
-Важно е да се испрати порака до власта, важно е таа да ја слушне пораката и да се дискутира за тоа. Да се има единство во ставот на тие протести. Не станува збор само за тоа да се испрати порака на власта, туку важен е начинот на кој креираме еден нов свет, изјави Енди Батентие, ко-организатор на маршевите против климатските промени и дел од жолтите елеци.
Со „Еден од пет милиони“ покажаваме дека и само еден човек може да започне протести на кои ќе излезат милиони луѓе. Власта не може биде имуна на тоа колку и да сака, вели Миодраг Симовиќ за актуелните масовни протести во Србија.
-Ете власта почна да ги менува своите претставници во две општини. Дефинитивно прават и некои контра митинзи. Кога ние имаме протести Александар Вучиќ има кампања „Иднинта на Србија“ . Еве сега постои слободна зона во Белград, они се во Шабац и во уште еден град отворија Слободна зона, но тоа се градови во кои опозицијата е на власт и сега СНС отвори тука свои Слободни зони, изјави Миодраг Симиќ, # Еден од пет милиони.
Брутално звучи, но гласот на граѓанскиот активизам многу ретко допира до власта кај нас, дури и кога тоа ќе се случи имам чувство дека станува збор за добро пресметана реакција, вели Ирена Ристиќ кој многу пати досега покажа на дело колку малку треба за нештата да бидат подобри, доколку имате воља да живеете во почиста земја.
-Кога ќе допре тоа е секогаш нешто кое е веќе искалкулирано, даваат поддршка во моменти кога нив им требаат поени или некаков трамплин за тоа што следува дали се избори или друго, калкулација во секој случај, изјави Ирена Ристиќ, # Не биди ѓубре.
–Веќе 93 денови пред Владата на Р. Хрватска секој ден по 60 минути читаме една од книгите кои се исфрлени од лектири. Еве веќе деведесет и три дена секој ден сум таму и околу мене се собираат луѓе кои заедно со мене читаат, но и понатаму никој од Владата не ми се обратил, изјави Ловро Крсник, иницијатива #И понатаму читам.
Граѓанскиот активизам, слободата на говор и можностите за граѓанска мобилизација се клучни за креирањето на општество кон кое би требало сите се стремиме, заклучуваат учесниците на ENGAGE Конференцијата за социјален активизам.
Нина Стефанова