Хан: Стратегијата на ЕК е порака за европерспективата на Западен Балкан

Новата Стратегија на Европската комисија за Западен Балкан носи основна порака за европереспективите на земјите од регионот, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

– Стратегијата укажува на тоа дека сите земји на некој начин зависат една од друга и тоа на позитивен начин. Тоа би требало да послужи како мотивација да се решат отворените билатерални паршања, истакнува Хан во интервју за Танјуг, во пресрет на неговата утрешна посета на Белград.

Хан нагласува дека Стратегијата јасно нагласува дека ЕУ нема да се согласи на прием на нови членки, доколку тие имаат каков и да било нерешен билатерален конфликт.

– Тоа се однесува на целата западнобалканска шесторка, додава Хан, нагласувајќи дека ЕУ очекува билатералните проблеми да бидат решени на начин од кој ќе бидат задоволни сите во регионот.

Тој истакнува дека „европското сфаќање“ подразбира грижа за добрососедските односи, за кои треба сите да придонесуваат и сите да имаа корист. – Станува збор за мирот, стабилноста и просперитетот и тоа е токму она што ние сакаме да го постигнеме, порачува Хан.

– Можеме или да извезуваме стабилност или да увезуваме нестабилност. Сите имаат корист од европската перспектива на Западен Балкан, затоа што се работи за стабилност, мир, но и за благосостојба. А ако има мир и благосостојба, тоа ќе биде добро и за европските компании, кои ќе имаат повеќе деловни можности на овој пазар, наведува Хан во интервјуто за Танјуг.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ