Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат нарко тест за пратениците

Власта не смее да го забошоти случајот Павле Богоевски и да го загрози безбедносниот систем, предупредува ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека Богоевски поседува безбедносен сертификат, членува во Комисијата за надзор на безбедносните служби и има целосен увид во нивното функционирање, опременост, кадровска поставеност и методи на работа.

За ВМРО-ДПМНЕ, прифатлива е идејата на Независната пратеничка група за нарко-тест на пратениците, но и на сите што поседуваат безбедносен сертификат. „Осуммината независни“ поднесоа иницијатива во понеделник, Собранието да обезбеди услови и лекарски тим за доброволен тест на сите пратеници за наркотични средства. Велат дека тоа треба да биде добар пример во борбата против употребата на наркотици, а така треба да постапат и другите политичари, функционери, административни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници.

Нивната идеја е прифатлива и за СДСМ.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој ќе ја разгледа иницијативата, ќе се произнесе по неа и ќе постапи согласно надлежностите што му ги обезбедуваат Уставот, Законот и Деловникот. Сите ги повикуваат институциите да го испитаа случајот на Богоевски и да постапат согласно законите. А од Основното јавно обвинителство – ништо ново. Се уште чекуваат од МВР известување и пропратна документација од пријавата на пратеникот. Тој пријави дека телефонски нарачал масло од канабис за близок роднина, а не кокаин, како што се тврди при објавувањето на аудио снимката на новоотворениот профил Илија Громовник.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ