Без присуство на обвинетите, продолжува јавната седница за „Диво Насеље“

Денеска во Аплеација продолжува јавната седница за Диво Насеље. Адвокатот Еленко Миланов истакна дека е факт дека имавме страшен настан, но обвинителството не докажа тероризам.

„Во Диво насеље полицијата дојде да изврши претрес по дадени наредби, но наиде на отпор, рече Миланов. Истакна дека тоа не е акт на напад врз институции за да се смета за теороризам. Обвинетите денеска не се донесени во судот и седницата се одвива во мирна атмосфера за разлика од вчера кога тие со пцости и навреди им се нафрлија на судиите и со обвинувања дека се работи за политички монтиран процес и дека не го признаваат судот.

Со првостепената пресуда донесена во 2017 година седуммина добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години затвор. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

Во вооружената престрелка на 9 и 10 мај, пред четири години, беа убиени осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба. На страната на терористите на самото место беа пронајдени 10 мртви тела во униформи. По извршената обдукција, беше потврдено дека се убиени девет косовски и еден македонски државјанин.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ