Нови 7 случаи на заболени со морбили во Штип

Епидемијата со морбили наместо да стивнува, се шири во внатрешноста на земја. Седум пациенти се на болничко лекување на инфективното одделение во штипската Клиничка болница, последниот пациент е примен утринава, а шестчленото семејство од Карбинци се хоспитализирани минатата недела и сите се во стабилна здравствена состојба.

Во изминатите месеци на штипското инфективно одделение од морбили се лекувале вкупно 11 пациенти, од кои само едно дете, останатите се возрасни. Инаку денеска министерот за образование, Арбер Адеми истакна дека родителите можат да си ги запишуваат првачињата во сите училишта, но во септември да достават вакцинална белешка со која се потврдува дека ги примиле сите вакцини.

Мај е месецот кога се вршат уписите на првачињата во земјава, колку од нив ќе седнат во училишните клупи  ќе се знае во септември на стартот на  учебната година.

Според здравствените работници, во штипскиот регион опфатот на вакцинација на училишни деца е 98,5 отсто.

Во овој регион  по две децении се појавија морбилите кон крајот на февруари, првиот случај беше двегодишно дете.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ