
Јанева: Не можат да ме сменат со закон. Повторно ќе се кандидирам за специјален обвинител
За специјалната обвинителка Катица Јанева е неприфатливо барањето на опозицијата сите истраги отворени по 1 јуни 2017 та да бидат сопрени но на прашањето дали ќе остане на чело на СЈО ако се прифатат предлозите на ВМРО- ДПМНЕ, Јанева одговара дека ја заслужила позицијата и ќе остане до крај.
Барањето на опозицијата за нејзина смена го нарече политичка изјава што не држи вода. Доколку има реизбор повторно ќе конкурира за специјале обвинител.
Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, рече Јанева.
Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, смета Јанева
Дел од предметите на СЈО кои беа поднесени пред 1 јуни 2017 и кои ниту опозицијата ги оспорува во новиот зкаон се уште немаат ниту првостепена пресуда.
Јанева прстот го вперува кон судовите од кои повторно бара почесто да се закажуваат рочишта но и да се проверува дали оправданијата на обвинетите кои се болни или не дошле од други причини се точни
Предметите на СЈО што се во судовите, се предадени на 1 јули 2017 година.Оттогаш поминаа речиси две години, а имаме и обвинителни предлози од 15 септември 2016 година за кои нема првостепени одлуки. Вината за тие работи треба да ја барате во судовите, рече Јанева.
Преговорите меѓу власта и опозицијата за законот се се уште во ќорсокак а роковите постојано се поместуваат. Нова средба на работните групи не е закажана.
Елена Ивановска Мукоска