
Светските берзи се во голем пад- МБИ во црвено 1,2 проценти
Светските берзи се во голем пад, во последните осум дена изгубија вредност од четири трилиони долари. Главните европски берзи го започнаа работниот ден со пад од три проценти, а инвеститорите бараат спас за парите- ги претвораат во злато, јапонски јен и државни обврзници. Пад од 1,2 проценти бележи и македонскиот берзнски индекс.
Но и јапонските, јужнокорејски и австралиски акции претрпеа тешки загуби, само неколку часа откако индексот Дау Џонс имаше најлош ден во последните шест години.
Вчера завладеа паника на Волстрит, вредноста на акциите е во слободен пад. Индексот Дау Џонс нагло падна – за помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 проценти во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Дау Џонс падна за околу 4,60 отсто.
Крахот следува по неколку месечен позитивен тренд, кој претседателот Трамп си го препишуваше себе си како заслуга, но тука некои видоа опасно надувување на балон и прегревање на американската економија. Дека ставот на Белата куќа денеска е дека станува збор за краткорочно колебање на пазарите, аналитичарите велат не може да се знае кога ова ќе запре.
- Па тоа е големото прашање, мислам дека е премногу рано да се каже крај на падовите. Мислам дека она што навистина треба да го сториме сега и во текот на следните неколку дена е да се обидеме да најдеме ниво каде што пазарите ќе може да се смират, смета Мајкл Хивсон, економски аналитичар.
Многу вложувачи што биле на пазарот во последните три-четири години никогаш не виделе таков пад. Има и такви кои не се загрижени.
- Дали сум загрижен? Не, затоа што не сме во ситуација кога треба да одиме во ликвидација. Ако морав да продадам акции денес за да покријам трошоци за живот, тоа ќе биде вистински проблем. Мислам дека ќе се врати назад. Тоа секогаш се случува, вели Мајк Русак, инвеститор од Сан Франциско.
Некои аналитичарите велат дека пазарот го поддржуваат добрите бизнис- резултати на компаниите, неодамна воведената даночна реформа и релативно силниот раст на американското сопствеништво. Други, пак, велат дека пазарот по повеќегодишниот силен раст и достигнување рекордни нивоа е преценет во контекст на растот на приносот на обврзниците и плановите на средните банки да ги укинат поттикнувачките монетарни мерки.
Кој е во право, ќе покаже времето, но факт е дека индексот „S&P 500“ во моментов е во минус за дополнителни 2,5 процента, па се очекува цените на акциите дополнително да паднат.
Билјана Ставрова