Пендаровски утрово на средба го прими евроамбасадорот Самуел Жбогар

Пендаровски кој од вчера официјално е новиот претседател утворо на средба го прими евроамбасадорот Самуел Жбогар со кого, според соопштението од Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите во однос на евроинтеграциите.

Пендаровски на Жбогар му пренел дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата.

„Очекуваме од лидерите на членките на Европската Унија да бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања. Да го валоризираат сработеното и да овозможат Република Северна Македонија да постигне успех на планот на евроинтеграциите“, му пренел Пендаровски на Жбогар.

Жбогар во кратката изјава по средбата рече дека му ги пренел честитиките од Брисел за функцијата и очекува соработка со претседателот во нареднире денови и месеци на чекорите за интеграција на земјава во Унијата.

„Изразив почит за неговите пораки вчера, пораки за помирување, пораките за подавање рака кон опозицијата и обединување на сите политички сили во земјата за да се движи земјата напред“, рече Жбогар.

Средбата Жбогар ја објави и на твитер каде што пиша дека разговарале за потребата од зазадравување на поделбите во општеството, но и за фокусирање на умовите и напорите на политичарите и граѓаните на иднината на земјата во ЕУ.

Жбогар освен со Пендаровски денеска се сретна и со неговата опонентка на изборите за претседател, Гордана Силјановска Давкова. Според она шти го напиша Жбогар на твитер по средбата, тие се Силјановска се согласиле дека иднината на земјата е во ЕУ.

„Се уште многу работа е поребно да се донесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето“, напиша Жбогар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ