Собранието не кани опозициски лидери на инагурација, Премиерот не дојде оти и тој сака на одмор

Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите. Ова е објаснувањето од кабинетот на Талат Џафери за вчерашната инагурација на Претседателот Стево Пенадаровски на која не присуствуваше лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицковски воопшто и не бил поканет, а не се канеле ниту противкандидатите Силјановска Давков или Река. И да биле поканети можеби писмата ќе им задоцнеле, оти од службите во собранието ги испратиле во сабота попладнето, велат од собранието.

Премиерот Зоран Заев пак поканет, но не дојде. Со видео порака снимена на бел ѕид му честиташе на Пендаровски. Денеска преку СМС ни одговори зошто баш овие четири дена во време на еден така битен настан одлучи да замине од земјава.

Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема, вели Зоран Заев, премиер.

Според новинарот Ерол Ризаов токму одсуствата ја засениле инагурацијата. Во колумната објавена во Независен весник пишува деака опозицсикиот лидер Мицковски и противкандидатката Сиљновска морале да бидат поканети, а заев да се одзве на поканата.

Видеопораката со честитки на Заев упатена до Пендаровски додека користи слободни денови е како оправдување на ученик кој избегал од час. Во случајот со Мицкоски и Силјановска власта си даде два автогола во финалето на Лигата на шампиони, смета Ерол Ризаов, колумнист.

Инаку една од првите пораки на Претседателот Пендаровски беше дека ќе и пружи рака на опозицијата. Опозициски пратеници на неговата Инагурација присуствуваа, но не и нивниот лидер Мицковски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ