Во Охрид не се реализирани повеќе од половината забелешки на УНЕСКО

Неизвесен е статусот на светско заштитено наследтво кој веќе 4 децении го ужива Охрид, предупредуваат екологистите. Според нив државата и градот немаат реализирано повеќе од половина од 19те забележки на Реактивната мисија на УНЕСКО, што ќе бидат разгледувани на специјална сесија на светската организација кон крајот на јуни во Баку. Дел од нив се однесуваат на урбанизацијата која продолжува со несмален интензитет и покрај забелешките на УНЕСКО дека треба да биде запрена додека не се изврши ревизија на донесените урбанистички планови и нивното влијание врз животната средина и природното и културното наследство.

Новоизбраниот градоначалник на Охрид, кој најави присуство на расправата на која ќе се решава статусот на Охрид во УНЕСКО, вели дека ќе биде ставен ред во сферата на урбанизмот, но потребно е време.

Наспроти најавите на градските власти екологистите тврдат дека во овој момент во градот се градат над 200 објекти, меѓу кои и спорното минаре на Алипашината џамија во охридската чаршија, што го финансира Република Турција.

Ревитализацијата на Алипашината џамија која е прогласена за споменик на културата, исто така ќе биде на дневен ред на состаноот на УНЕСКО во Баку, на кој ќе се разгледуваат забелешките на реактивната комисија за Охрид, едно од само триесеттината места на планетата кои се под двојна заштита како светско природно и културно наследство.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ