Претседател избран со кредит и политичка хипотека – партиски реакции за инаугурацијата на Пендаровски

Државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека, порача Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по инаугурацијата на Пендаровски.  Не открива за какви фактури и хипотеки станува збор. Му посака успех на новиот претседател во петгодишниот мандат и предупреди да не се злоупотреби апсолутната власт.

ДУИ возврати, најголемата фактура што е испорачана е консензуалноста и што победиле нивните  политики.

СДСМ очекува Пендраовски да ги обедини сите и да го обезбеди напредокот на државата на патот кон ЕУ и НАТО.

БЕСА ќе соработува со Пендраовски за сите прашања кои се од стратешки интерес.

Поголемиот дел од партиите не го коментираа отсуството на премиерот на инаугурацијата со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ кое смета дека е многу чудно што на свечинот чин присуствувале државници од соседните држави, но не и Заев.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ