Мерко, Вангеловски и Ирина Пановска под лупа на ДКСК

Антикорупциската комисија ќе истражува дали градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, ја злоупотребил положбата за да си купи за себе луксузно возило Ауди, а претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски за набавката на БМВ. Исто така, комисијата отвори предмет и за продажбата на државното земјиште пред ГТЦ, но и за обвинувањата за непотизам и судир на интереси, кај директорката на здравствен дом Скопје, Ирина Пановска-Ставридис, затоа што веле-дрогеријата на нејзиниот татко добила тендер за набавка на лекови.

По пријава од анонимни граѓани и лекари, ДКСК ќе истражува и дали се во блиски односи со министрите Шеќеринска и Филипче.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ