Антикорупционерите ќе истражуваат корупција и непотизам кај премиерот Заев, министрите Анѓушев и Манчевски

Антикорупциска го послуша Мицковски. По прозивката од него експресно отвори случаи за премиерот Зоран Заев и тоа четири.

Ќе истражува непотизам и корупција во предметите – Глобал, едно евро за Вице, продажба на државно земјиште на Сашо Брндевски со површина од 18 000 квадрати додека Заев бил градоначалник на Струмица и бугарските фирми на Заеви.

И покрај тоа што за предметот Поткуп судот го ослободи Заев од вина, а за Глобал е аболициран преставки до ДКСК пристигнале од ВМРО ДПМНЕ па антикорупционерите ќе постапуваат.

Освен за Заев антикорупционерите ќе истражуваат уште двајца високи функционери во Владата. Под лупа ќе бидат министерот за администрација Дамјан Манчевски и вицепремиерот Кочо Анѓушев. За Манчевски ДКСК ќе ги истражува обвинувањата дека поседува грчки фирми и како дошол до нив, додека за Анѓушев продажба на државно земјиште за хидроцентрала на фирма на брат му на Анѓушев.

Сите шест преставки ги поднесе ВМРО ДПМНЕ откако претходно антикорупционерите отворија предмети за хидроцентралата на фирмата на нивниот лидер Христијан Мицковски. Тогаш тој ги прозва експресно да реагираат како што тоа го направија по допрен глас од СДСМ.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ