Антикорупциска отвори истраги за автомобилите на Мерко и за за веледрогеријата Пановски

Антикорупциска денеска отвори и истраги за веледрогеријата Пановски, за набавка на лекови, по пријава на загрижени анонимни граѓани и лекари. Отворен е и предмет за земјиштето пред Холидеј Ин, како и за возилата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Ќе истражуваат дали Мерко за сопствена корист ги набавил 4-те возила. Општината набави возило ауди во вредност од 67.000 евра за потребите на градоначалникот.

Еден од новите предмети кои денеска ги отвори Антикорупциската комисија е и за претседателот на врховен суд, Јово Вангеловски за набавка на БМВ возило за свои потреби. Истрагата ја отвораат по пишувањата во медиумите дека Вангеловски ја злоупотребил положбата со јавната набавка за возила во судовите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ