Презакажани прегледи – метеж и колони на Клинички

Метеж и колони возила на Клинички.Пациентите чии прегледи беа откажани поради посетата на Папата, денеска со часови чекаа ред за да бидат прегледани. Највознемирени беа пациентите од внатрешноста.

Од Министерство за здравство тврдат дека ниту еден пациент нема да остане непрегледан. Здравствената услуга ќе ја добие најдоцна за една недела.

“Откажани се 1800 прегледи, а граѓаните беа известени во понеделникот. Немаме информации колку прегледи се направени денеска. Тоа сепак зависи и од распоредот на лекарите, смените , кое време им одговара на пациентите. По завршувањето на рокот,даден  од Министерството за здравство, за една недела би требало да имаме повеќе информации”- соопшти Управата за електронско здравство.

Сите закажани термини за прегледи на Клинички, вчера беа откажани. Се примаа само граѓани со итни потреби.

Сите оние кои имаа потреба од преглед или друга лекарска интервенција беа примени во Градската општа болница “8ми септември”.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ