Остануваат црвените линии за СЈО

Црвените линии за СЈО ни денеска не беа пречекорени, ниту од владата, ни од опозицијата. Кратката средба во Министерството за правда заврши само со договор за повторна средба во петок.

Клучните разлики во ставовите за идниот статус и функционирањето на СЈО, како и за употребата на бомбите како докази во постапките почнати по завршувањето на мандатот на ова обвинителство на 30 јуни 2017 та година, засега остануваат.

За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив предлогот на Министерството,  предметите на СЈО да бидат распределени од посебна комисија во рамките на Јавното обвинителство, при што обвинителот што ќе ги наследи ќе ги продолжи во онаа фаза во која ги затекнал.

Специјалната јавна обвинителка го чека законот, за кој е оптимист дека наскоро ќе биде усвоен.

Јанева вели дека дел од истрагите се завршени, но дел го чекаат и донесувањето на законот, за да се види што понатаму.

За усвојување на овој закон е неопходно двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање на датум за отворање на преговори со ЕУ.

Премиерот вчера изрази надеж дека ќе се постигне договор до затворање на извештајот на Европската комисија.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ