Јункер во Македонија на крај на месец

Лидерите од Западен Балкан во изминатите неколку месеци повеќепати беа на средби со еврокомесарката Могерини на разговори за Стратегијата.

За крајот на февруари  најавена е посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Македонија. Неговиот портпарол ја потврди посетата, и додаде дека Македонија е регион кој Јункер многу добро го познава, и смета дека е од голема важност за стабилноста во регионот.

Во март доаѓа и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика  Федерика Могерини. Посетата на Јункер и Могерини  се толкува како поддршка на процесот околу решавање на спорот околу името со Грција и почетоците на преговори за интеграција во ЕУ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ