
Швајцарска гарда – петвековниот телохранител на папата
Петстотини години верна сенка на папата. И во добро и во зло, и во мир и во војна. Швајцарската гарда е будното око кое се грижи за безбедноста на папата. Мала но компактна елитна единица составена од пораншени војници на швајцарската армија специјално обучена за задачата која ја извршува.
Секој што бил во Ватикан, ги забележал десетиците војници облечени во невообичаени униформи и опремени со оружје од средниот век. Личат на љубители на ренесансата кои се тука за некаков фестивал но под шарените средновековни униформи се кријат поранешните најдобри војници од швајцарската армија, сегашни папски гардисти.
Главната задача на швајцарската гарда е безбедноста на папата и неговите резиденции. За тоа се задолжени вишите подофицери специјално обучени за оваа задача. Областите во рамките на Ватикан кои ги контролира и обезбедува швајцарската гарда не се отворени за јавноста. Во зависност од областа, постојат места каде што дури и членовите на Римската курија немаат пристап, со исклучок на неколкумина кои имаат посебни овластувања а за кои гардистите се обучени и инфромирани да ги препознаат. Другите области во Ватикан, кои не се под контрола на Гарда, се под контрола на Ватиканската жандармерија.
Елитните телохранители се присутни на секое негово патување и се во првиот прстен на обезбедувањето. Припадниците на гардата го обезбедуваат папата и официјалните посети на шефови на држави, амбасадори, министри и световни власти во Ватикан.
Секојдневната работа на гардистите е заштитата на влезот на Ватикан и Апостолската палата. Тие се задолжени за контрола на влезот Ватикан а имаат секојдневни церемонијални должности како што е смотра на поечсната гарда. За време на аудициите и мисите, членовите на гардата се поставени на самите влезови од каде ги надгледуваат учесниците и гостите. Според интерниот протокол две третини од гардистите се задолжени за редовните дневни активности и обврски, додека помладите членови тоа го правата повремено и во меѓувреме задолжително го учат италијанскиот јазик.
Швајцарската гарда е формирана во шеснаесетиот век, во далечната 1506 година од папата Јулиј Втори. Во време на постојани војни, пљачкосувања и платеници кои често ги менуваат страните, тој ќе побара заштита од заповедник на помал воен одред од Швајцарија. Швајцарските војкници во тоа време се познати по својата храброст и пред се лојалност. Одред од 150 војници веднаш тргнува марширајќи кон Рим. Остатокот е историја.
Условите за прием во швајцарската гарда се ригидни и немаат претрпено поголеми измени уште од самото формирање. Секој кандидат мора да биде католик, да е неженет, да има швајцарско државјанство, како и да отслужено воен рок во швајцарската армија со најдобар успех и препораки. Кандидатот мора да е на возраст од 19 до 30 години и да е повисок од 174 сантиметри. Гардистите немаат класичен воен рок туку служба, кој можа да трае најмалку две а најмногу 25 години. Платата е просечна за евриопски услови и е околу 1.800 евра па затоа се смета дека е чест и привилегија да се носат шарените униформи на Микеланџело. Од содзавањето во 1502 година досега швајцарската гарда имала вкпно 34 команданти.
„Папата може да се одбрани со вера и со оружје“, често ќе каже командантот пред почетокот на церемонијата на полагање на заклетва. Заклетвата, новите регрути ја полагаат секогаш на истито ден, 6 мај, денот кога во 1527 година Рим е опљачкан од војските на императорот карло Петти.
Со оваа дата е поврзан херојскиот чин на гардистите кои ќе успеат да го спасат животот на тогашниот папа Клемент Седми и да го извадада од Ватикан и Рим по цена на животите на речиси сите членови на гардата.
Церемонијалната улога на гардистите која ќе преовладува стотици години ќе ја смени еден настан. На 13 мај 1981 година екстернмистот али Акџа ќе го рани папата Јова Павле Втори за време на церемонија во ватикан. Оттогаш членовите на гардата задолжително носат огнено оружје и имаат врвни обуки за прецизно и смртоносно ракување.
Тим на швајцарската гарда ќе биде присутен и во Скопје и заедно со нашите специјалните полициски единици ќе обезбедат непречен тек на посетата на папата Франциск на нашата држава.
Огнен Чанчаревиќ