Стол специјално изработен за посетата на Папата е од орев стар 120 години

На крајот од село Волково во работилницата „Монозеро“ еден телефонски повик пред повеќе од три недели, со прашање дали можат да изработат уникатен стол, го изненадило и по малку збунило Дарко Христов, основач и сопственик на работилницата. Не го изненадило барањето за столот, туку тајновитоста која уследила кога прашал каква.

Папскиот стол, го симболизира светиот стол на која седи поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан. За време на државни посетите на папата, земјата домаќин ја има обврската да обезбеди стол која ќе го замени светиот престол на папата, но по строги правила и целосна контрола директно од протоколот на Ватикан и Католичката црква. Усогласувањето на дизајнот на столчето, открива Дарко, траело повеќе од самата изработка на столчето.

Изборот на материјалот го направил лично Дарко – орев стар меѓу 120 -130 години од охридскиот регион.

За се да биде природно и врвно изработено, столот не е лакиран, туку е премачкан со масло и со восок. Тапацирот на столчето е исто така изработен од природни материјал, памучен, а такво е и неговото полнење.

Дарко не може да ја сокрие возбудата и задоволството што тој и неговиот тим, преку столот, се дел од истириската посета на еден папа на земјава.

За посетата на папата Франциск нарачани се и изработени се две идентични столчиња поради неможноста доколку е едно, тоа да се транспортира од едно на друг место на денот на посетата. Едното од нив ќе биде поставено на Плоштадот Македонија, каде папата ќе ја одржи мисата. По завршувањето на посетата на папата Франциск, столчето ќе остане во сопственост на Католичката црква во Скопје, каде што ќе биде изложено.

Заминуваме од работилницата на „Монозеро“ оставајќи ги Дарко и неговиот тим да ја довршат работата на столиот за папата, на која целосно и се посветија изминативе недели, а која за нив е многу повеќе од само уникатна, рачно изработен стол.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ