Изборите мирни, но потребни се итни реформи на Изборниот законик

Мирен и добро ораганизиран изборен ден, но со потребни итни реформи на изборното законодавсто е генералната оцена на меѓународните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР и на ПССЕ за вчерашниот втор круг од претседателските избори. Иако ги пофалија институциите за добро организирани избори и мирно гласање, посочија дека недоследностите во законската регулатива остануваат и се загрижувачки.

Според неа потребна е политичка волја за да се обезбеди дека вистински инклузивните законски реформи се направени и нивно доследно спроведување.

Зголемената излезснот во вториот изборен круг и поминувањето нам прагот на потебниот цензус за избор на претседател Серен Мобурн, шеф на краткорочните меѓународни набљудувачи го оцени како решеност на населенито да се обедини и да одговори на предзивиците со кои се соочува земјата.

Сега преостанува политичкотот лидерство да ја слушне оваа порака и да преземе вистински реформи што ќе го заменат законскиот пачворк што бара постојани политички договори, со кохерентно и оджливо изборно законодавство, изјави Серен Мобурн, шеф на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР

Потреба од изборна реформа стигна беше нотирана и од Парламентарнотѕот собрание на Советот на Европа, од каде меѓу другото порачаа дека членството во НАТО и ЕУ не треба да ги затскрие  проблемите кои се повторуваат во изборниот процес.

ОБСЕ/ОДИХР ги потврдија забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларностите во текот на вечрашното гласање.

И нашата мисија можеше да воочи купување гласови и семејно гласање, изјави Корина Јонер, шеф на мониторинг мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Медиумите и во вториот круг добија преодна оцена дека овозможиле балансирано претставување на кандидатите со што граѓаните имале доволно информации за сами да донесат одлука за кого ќе гласаат. Позитивна оцена добија и државните функционери кои и во вториот круг успеале да ја оделат државната од партиската активност.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ