ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев со Ципрас?

Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност.

Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори.

Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ.

Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев.
Правосудните органи не одлучуваат по закон и се кршат правата на притворените. Слободите и правата на луѓето се загрозени. Владеењето на правото е нарушено, ова го констатираше и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.

На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, одговорија од владата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ