
Јанкуловска на 1-ви Јули треба да се пријави во затвор
Ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска на 1 јули треба да се пријави во затвор за издржување на 4 годишната затворска казна за случајот Тенк, информираат од Кривичниот суд.
Судијата за извршување санкции го прифатил нејзиното барање и и ја одложил казната за неколку месеци заради чување на бебето кое се уште не наполнило 1 година. Апелација на крајот на Март донесе пресуда со која и ја намали од 6 на 4 години затворската казна на Јанкуловска.
Сега Кривичен го испратил предметот во Врховниот суд кој треба да одлучува за вонредниот правен лек на експремиерот Никола Груевски кој уште пред да побегне бараше највисокиот суд да му ја укине 2 годишната затворска казна за Тенк.
“Со оглед дека со доставата конечно се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Н.Г., предметот „Тенк“, заедно со списите од раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд на Р.С.М.” – стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Груевски, Јанкуловска и екс помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски одговараа за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра но постaпката за Јанкуловска беше издвоена поради пременоста и неа и се судеше посебно.