Силјановска: Знам дека победи противкандидатот, но не мислам дека јас како поединец и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, оцени дека денешиот изборен ден ја потсетил на Вивалди, бидејќи денот почнал со дожд, без светлина и поминал низ сите годишни времиња.

Таа верувала дека ќе заврши како пролет и иако тоа важи за победникот на изборите, за неа воопшто не е зима.

Силјановска оцени дека е многу благодарна заради  фактот дека добила речиси 370 000 гласови и станала позната на улиците како Гога.

“Знам дека Вардар победи, дека победи противкандидатот но не мислам дека јас како поединец и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката” – изјави Силјановска.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ