Ахмети: Консензуалност е единствената алтернатива која не зближува и со која одиме напред кон НАТО и ЕУ

Ахмети им се заблагодари на сите албанци кои гласале за , како што рече, концептот ДУИ за консензуален кандидат.

“Консензуалноста покажа дека тоа е единствената алтернатива која не зближува и со која одиме напред кон НАТО и Европската Унија” – изјави Ахмети .

Денеска покажавме дека сме подготвени за НАТО и ЕУ, подвлече Ахмети, заблагодарувајќи се на целиот изборен штаб на ДУИ.

Ахмети подвлече дека е многу вознемирен и заради бојкотот на изборите кој според него го спровела албанската опозиција.

Честитајќи му на Пендаровски, Ахмети подвлече дека очекува тој да работи според принципот на консензуалност, додавајќи дека според анализите на ДУИ, помеѓу 100 и 130 илјади албански гласови се обезбедени за Стево Пендаровски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ