
ДИК: Пендаровски во водство од речиси 40 000 гласови, обработени 30% од гласовите
Кандидатот за Претседател на СДСМ, кој е поддржан и од ДУИ, Стево Пендаровски има водство од речиси 40 000 гласови во однос на кандидатот за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, според официјалните резултати кои ги објавува Државната изборна комисија.
Досега обработени се 553 911 гласови , што претставува 30,63% од гласовите. Според овие податоци, Пендаровски има 126 410 гласови додека Силјановска 87 881 гласови.
Кандидатот Пендаровски има 56,98% од гласовите, додека Силјановска 39,61% од гласовите на граѓаните кои денеска излегоа на изборите.