
Во Довезенци се гласа во железничка станица, жителите се надеваат дека некогаш ќе поминуваат и возови
Ова се последно наредените шини од Коридорот осум на железничката пруга од Скопје преку Куманово за Софија.
Крајот е далеку, оти работата е застаната на само неколку километри од Куманово. За сега за Софија се стигнува само со возило не и со воз. Екипата на Телма денеска се движеше по трасата која е одбележана за пругата во изградба.
Неколку километри подолу е селото во кое гласачкото место 1145 според ДИК се наоѓа во железничката станица. Објект има но е руиниран па кутијата и избирачкиот одбор се сместени од спроти во локалната продавница.
Само куќарката сведочи дека некогаш тука имало пруга и станица но само до соседното Бељаковци. Локалните мештани се надеваат дека ако повторно се изгради пругата селото ќе заживее. Знаат дека Претседателот не е надлежен ниту за локалните проблеми но се надеваат дека конечно ќе добијат водовод.
Довезенце има околу 100 жители но само 47 регистрирани гласачи. Гласачката кутија во моментот кога бевме таму беше речиси празна.
До 14 часот излегле само оссумниа што е 17 проценти од оние во списокот на одборот и помалку од претходниот круг.
Според прогнозите завршување на коридорот 8 се очекува до 2025, новиот претседател нема на функција да ја дочека изградбата со само еден мандат од 5 години. На сирена од првиот воз во брзо време не се надеваат нуту селаните, но првите капки вода од водовод им се неопходни.
Билјана Николовска