
4-месечно бебе заразено со морбили
8 нови пациенти заразени од морбили вчера била прегледани на Инфективната клиника во Скопје. Тројца од нив се хоспитализирани. Меѓу нив имало и едно 4 месечно бебе. Моментално на оваа клиника од мали сипаници се лечат 37 пациенти. Во меѓувреме и на ниво на цела држава постојано расте бројот на заболени од морбили вкупно 1285 случаи. Последниве седум дена Институтот за јавно здравје евидентираше 110 случаи на мали сипаници.
Според вакциналниот статус, 76,4% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Тетово е меѓу градовите со најголем број на заболени од морбили. Специјалистот по училишна медицина Д-р Александар Котевски наведува повеќе причина за растот на оваа болест. Позната антивакцинална кампања, но според него и немањето на доволно кадар во службата за превенција.
Дополнително според него подолг период немало никакви санкции за родителите, кои не ги вакцинирале своите деца. Апелира на поголема свесност се додека е на сила епидемијата на морбили.
Единаесетмесечно бебе завчера почина на Детската клиника поради компликации од морбили. Ова е четвртата жртва досега откако трае епидемијата. Бебето не било вакцинирано затоа што според возраста не подлежело на вакцинација. За да се превенираат вакви случаи во иднина, здравствените власти наредија и да се спушти границата за вакцинација под една година.
Зоран Димовски