Висока излезност во затворите

27 годишниот Ѕвонко Димитров од село Лаки Виничко денеска гласаше во затворот во Штип. Затвореник е веќе седум години за тешки кражби, но вели секогаш го користи своето право на глас.

2291 е избирачкото место кое е сместено во затворот во Штип. Таму има регистрирано вкупно 198 гласачи. Кутијата се полни со брзо темпо, таму излезноста е голема. Во првиот круг од претседателските избори гласале 163 ца затвореници или 81 процент. Денеска кога екипата на Телма беше таму за нешто повеќе од два часа имаше веќе 48 ливчиња во кутијата или излезност од 24 проценти.

Но скопскиот затвор Идризово е местото каде има најмогу регистрирани затвореници со право на глас. Од вкупно 1640 во целата земја тука гласаат половина 817 а во велешкиот кој е под идризово 41. во 10 часот веќе се полнеше втората кутија со избирачки ливчиња. Проблеми нема.  има затвореници без лични карти кој влегле во затвор по затворањето на избирачкиот список па се уште фигурираат во избирачките места по адреса од личната карта.

Висока излезност има и во затворот Скопје во Шутка. Но пред камерата дојдоа само двајца затвореници кои имаат лични документи но ги нема во избирачкиот список. Инаку Пред новинарските екипи гласаат само затвореници не и притвореници бидејќи за нивно снимање е потребна дозвола од судот. Претседателските избори се особено битни за затворениците оти тие имаат право индивидуално да бараат намалување на казна или бришење на дел од казната токму  од претседателот на државата. Го бираат ден пред другите граѓани.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ