Реисот Реџепи повторно не дојде во ОЈО за случаите за говор на омраза

Обвинителката и денеска не го дочека реисот Сулејман Реџепи да одговори на нејзините прашања за говор на омраза. За разлика од минатиот пат кога не се појави на закажаниот распит сега во обвинителството во меѓувреме има уште една нов случај против него за говор на омраза. Освен кривична пријава од Хелсиншки за изјавата во која меѓу другото рекол: „Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет“. Има предистрага и за клетвите што и ги упати на судијката Сузана Дончевска затоа што го впишала во верскиот регистар Скендер Бузаку како негов наследник. Официјално оправдание за денешното непојавување до скопското обвинителство Реџепи не испратил но од неговиот кабинет тврдат дека неговиот адвокатот денеска бил во контакт со обвинителството.

Трета шанса да се појави во Обвинителството Реџепи ќе добие кон средината на мај.

Конечната судска одлука кој е легитимен реис која треба да ја донесе скопска апелација Реџепи ја чека во седиштето на ИВЗ. Иако во обивнителството  денеска не се појави таму пристигнала кривична пријава  во име на  ИВЗ а против неговиот опонент Скендер Бузаку и уште едно лице.

Од обвинителството потврдуваат дека пријавата е за фалсификување исправа и за поднесување лажни докази и велат дека пријавата ке биде рапсоредена кај обивнител кој ќе ги направи проверки и ке собере докази.

Соработниците на Реџепи уште минатата недела гневни не само на судот  туку и на премиерот  обвинија дека документите врз основа на кои судијката донела решение за нов реис се фалисфикати а Реџепи не си поднел оставка ниту имало вонредно собрание на Риасетот. И потписите и печатите и моеморандумите се било фалсификувано.

Скендер Бузаку кого граѓанскиот суд го впиша во регистарот на верски заедници како нов поглавар на ИВЗ тврди дека не се занимава со фалсификување на документи  туку се што било доставено во судот било оригинал. Процедура за негово назначување била легална, Реџепи си поднел оставка па сега ја сменил изјавата, тврди Бузајку, а на вонредната седница Ријасетот го избрал него за што имало и записничар.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ