Земјоделството и градежништвото најголеми убијци на работници – лани загинале 33-ца работници во Македонија

33 работници загинале на работното место а  најголем дел во земјоделството и во градежништвото се пподатоците од Македонското здружение за заштита при работа.  Скопје е град со најголем број  несреќи, а по него следат Гостивар и Штип.

Според изјавата дадена по повод Светскиот ден за заштита при работа , претседателот на ова здружение Милан Петковски  кажа дека годинава во Скопје, Штип и Струмица се случиле најголем број  смртни случаи поврзани со работното место.

– Според извештајот, лани се случиле 124 несреќи при работа. Од нив 33 беа фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 4,34 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат четири до пет вработени. Стапката на смртни случаи при работа е зголемена во споредба со 2017 година, кога изнесувала 3,22. Кога, пак, како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа лани изнесувала 16,33 што покажува дека на секои 100.000 вработени, се повредуваат од 16 до 17 вработени. Споредбено со 2017 година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 18, стапката на повреди лани незначително се намалила, рече претседателот на Здружението Петковски.

Според анализите на здружението најмногу гинат работници во земјоделство и во градежништво. Здружението за заштита на работа во чест на загинатите засади 33 дрвца во парк во Лисиче и на тој начин го одбележаа светскиот ден за заштита на работа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ