Синот на пратеничката Стојчевска најави отказ

Синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор најави дека ќе си даде отказ. Ова го објави на својот фејзбук профил потенцирајќи дека ќе го стори од морални причини после одлуката на антикорупциската комисија која потврди дека неговото вработување во ЕЛЕМ е спорно.

Вчера пак  премиерот Зоран Заев рече дека им наредил на сите роднини на функционери да го сторат ова. Претходно отказ си даде и мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, Фанија,  за која исто така ДКСК потврди дека е вработена на сомнителен начин. И сестрата и мајката на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски си дадоа отказ уште пред комисијата да утврди непотизам и во нивните случаи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ